Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Првенец на македонскиот тинејџер во дресот на Штутгарт

Младиот македонски напаѓач Дарко Чурлинов го постигна својот прв гол во дресот на германскиот тим Штутгарт. Тој на мечот со Динамо Дрезден доби шанса во второто полувреме, односно во игра влезе во 57-та минута, а во 88-та погоди за конечни 2:0 и три бода на својот тим.

Штутгарт е на второто место во втората по ранг лига во Германија, со големи шанси да се врати во Бундеслигата. Чурлинов во зимскиот преоден рок од Келн се пресели во Штутгарт.

Голот на Чурлинов на следниот ЛИНК.