Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Реал за 50 милиони евра го носи бразилското чудо од дете

Реал Мадрид ќе доведе уште еден бразилски талент, за неверојатно висока сума. Мадридскиот гигант се договори да плати 50 милиони евра, за тинејџерот на Палмеираш, Алан. Младиот 17-годишен играч за врска е еден од најталентираните играчи во својата генерација.

Алан де Соуза Гимараеш е целоти име на играчот кој следната сезона треба да дојде на „Сантијаго Бернабеу”, кога ќе наполни 18 години. Низок по раст, со само 163 сантиметри висина, го нарекуваат „новиот Кутињо”. Реал со доведувањето на Алан би сакале да и контрираат на Барселона, која многу веројатно дека во зимскиот преоден рок ќе го купи вистинскиот Кутињо од Ливерпул.

„Десетката” на Палмеираш, кој има и 16 настапи за бразилската репрезентација до 17 години, би требало во првата сезона по потпишувањето во Реал, да игра за Б тимот на „кралскиот клуб”. Од овој трансфер, Палмеираш ќе добие дури 50 милиони евра.