Фудбал
ВИДЕО: Рома доби два црвени. Погледнете што направи Мурињо тогаш
Во последниот натпревар од неделната програма од 15. коло на италијанскиот фудбалски шампионат, Рома и Фиорентина одиграа 1:1. Рома поведе на самото отворање на мечот кога Лукаку во 5. минута со глава го упати центаршутот на Дибала во мрежата, но на крајот мора да се задоволи со бод бидејќи мечот го заврши со двајца играчи помалку.
Дури и при резултат 1:0 во 64. минута Залевски беше исклучен поради втор жолт картон, а само две минути подоцна Мартинез Кварта со одличен удар со глава израмни на 1:1. Во 87. минута и Лукаку доби директен црвен картон поради преостар старт, но Фиорентина во преостанатото време не успеа да го постигне победничкиот гол.
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, во свој стил реагираше на ваквите случувања. Португалскиот тренер откинал лист и на него напишал и нацртал со хемиски маркер како сака неговиот тим да одигра до крај. Собирачот на топки му ја однел пораката на голманот Руи Патричи.
Jose giving the ball boy a note to give Patricio
— J (@MourinhoPics) December 10, 2023
По натпреварот Мурињо не сакаше ништо да коментира. Не ја одржа задолжителната прес-конференција, а никој од Рома не зборуваше. Клубот најверојатно ќе биде казнет од италијанската федерација поради ваквиот однос кон медиумите.