Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Рома ја „прегази“ Фиорентина

Екипата на Рома е во одлична серија во домашното првенство. Има само еден пораз во последните 12 меча и полека, но сигурно се пробива кон врвот. Вечерва ја забележа десетата победа во Серие А, и тоа убедливо на гостувањето кај Фиорентина.

Џеко, Коларов, Пелегрини и Заниоло погодија за гостите, додека Бадељ беше стрелец на единствениот гол за Фиорентина. Мечот го одбележа Александар Коларов со неговиот прекрасен гол од слободен удар.

Рома собра 35 бодови, еден помалку од третопласираниот Лацио, четири од второпласираниот Интер и шест од лидерот Јувентус. Но, Лацио и Интер имаат натпревар помалку.

Standings provided by Sofascore LiveScore