Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Роналдо ги воодушеви администраторите со овој потег и заврши на Твитер

Португалскиот „магионичар“ Кристијано Роналдо е во центарот на вниманието на секој тренинг на Јувентус.

Роналдо ова лето за околу 110 милиони евра премина од Реал во Јуве, а во редовите на „Старата дама“ му се восхитуваат на секој негов потег, како на натпреварите, така и на тренинзите.

Администраторите на Твитер страната на Јувентус беа посебно импресионирани со потезите на Роналдо, па често објавуваат потези од тренинзите, а таков поставиа и утрово.

Погледнете еден мал дел от тоа што соиграчите на Роналдо го доживуваат на секој тренинг: