Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Роналдо го постигна 100-от гол за Португалија

По 17 години и 165 настапи, Кристијано Роналдо го постигна јубилејниот 100-ти гол во дресот на Португалија.

Тој постигна спектакуларен гол на мечот Шведска – Португалија на крајот од првото полувреме.

Sвездата на Јувентус реализираше еден слободен удар во негов стил. Роналдо повторно ја покажа својата класа.

Дебитираше на 23 август 2003 година на пријателски натпревар против Казахстан, а својот прв гол го постигна на Еуро 2004 на првиот натпревар против Грција. Сега како 35-годишник, тој води една од најсилните европски селекции и постигнува спектакуларни голови.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com