Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Роналдо каде ти е маската?!

Португалија синоќа без Кристијано Роналдо ја „преслуша“ Хрватска со 4:1 во Лигата на нации. Најдобриот португалски фудбалер не играше поради бизарна причина, односно поради оток на прстот на ногата од убот на пчела.

Но, пресметката ја гледаше од трибините. Сепак, заборави дека мора да носи заштитна маска на лицето. Секако, има задолжени лица кои се грижат и за тоа, па најдобриот португалски фудбалер беше опоменат дека мора да носи маска.