Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Само што започна, и веќе го имаме промашувањето на сезоната во ЛШ

Натпреварот Севиља – Салцбург на Санчез Писхуан, заврши со реми од 1:1.

Една многу чудна игра во која беа досудени дури четири пенали во првите 45 минути.

Во 13. минута Адеми го промаши првиот пенал за Австријците, но Сушиќ сепак беше прецизен од пенал во 21. минута.

Третиот пенал по ред за Салцбург беше досуден во 37. минута, но Сушиќ овојпат не постигна гол. Набргу потоа, пенал за Севиља, Ракитиќ беше прецизен за 1:1.

Во продолжение Севиља остана без Ел Несири, кој поради симулацијата доби втор жолт, но Андалузијците успеаја да преживеат до крајот.

Нереално промашување беше забележано пред голот на Севиља во 57. минута. Оумар Солет, благо речено, прописно се посрамоти.

Facebook