Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Сасуоло прва екипа без пораз од Јувентус во Торино, шанса за Интер за лидерска позиција

Јувентус и Сасуоло попладнево одиграа 2:2 во Торино. Гостуте водеа до 67.минута, но Роналдо од пенал спречи пораз. Ова се први бодови на Сасуоло во Торино против Јувентус во Серие А. Сите нивни гостувања завршувале со пораз. Уште еден интересен податок. Сасуоло е првата екипа која останала непоразена сезонава на гостување против Јувентус.

Ова е шанса за Интер да избие на лидерската позиција се разбира доколку попладнево на домашен терен го совлада Спал.

Јувентус поведе со голот на Бонучи во 20.минута, и се доби впечаток дека овој меч ќе заврши како сите претходни пресметки помеѓу овие две екипи во Торино, а тоа е пораз на Сасуоло. Сепак, три минути подоцна Бога со прекрасен лоб удар израмни на 1:1.

Капуто му донесе водство на Сасуоло во 47.минута по една катастрофална грешка на дефанзивецот Де Лигхт.

Во 67.минута Дибала е соборен во казнениот простор, а сигурен реализатор на ударот од белата точка е Кристијано Роналдо.

Јувентус се уште е лидер со 36 бодови, но има натпревар повеќе од Интер. Доколку „Нероаѕурите“ попладнево слават против Спал, тогаш тие ќе избијат на лидерската позиција со еден бод повеќе во однос на „Старата дама“.

ГОЛ НА БОНУЧИ ЗА 1:0

ГОЛ НА БОГА ЗА 1:1

ГОЛ НА САСУОЛО ЗА 1:2

РОНАЛДО ГОЛ ЗА 2:2