Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Се е подготвено за борбата на годината, одмазда на Џошуа, или нов нокаут

Се е подготвено за борбата на годината. Големата ѕвезда Ентони Џошуа и шампионот Енди Руиз го имаа официјалното мерење пред утрешниот реванш меч, во кој Англичанецот ќе се обиде да ја врати честа по шокантниот пораз во јуни.

Сите љубители на боксот се сеќаваат како Руиз, целосен аутсајдер го нокаутираше Џошуа и му го нанесе првиот пораз во кариерата, а воедно стана и првиот Американец со мексиканско потекло кој станал шампион во тешка категорија.

Но, што покажа вагата на денешното мерење. Руиз има 128,3 килограми, негова најголема килажа, а Џошуа е тежок 107 килограми, четири ипол килограми помалку од јуни.

Борбата е утре во 22 часот и тоа на стадион во Саудиска Арабија.