Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Сега можеби изгледа смешно, но вака во МЛС лигата се решавале мечевите кои завршувале нерешено

Многу работи се промениле во фудбалот, но се чини дека единствено страста на навивачите останала иста.

Таков пример е МЛС лигата. Од далечната 1996-та до 1999-та година, пред да се променат правилата, мечевите кои завршувале без победник во регуларниот дел, односно на кои било нерешено, се решавале со т.н “Shoot out”.

Тоа е нешто слично како денешните пенали, само што тука фудбалерите со топката тргнувале во центарот и со неа трчале кон противничкиот голман. Ако мислите дека било лесно да се постигне гол во таква ситуација, погледнете го видеото.