Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Сексистичко однесување на „Лудиот петел“, но мораше да се извинува

Маскотата на Атлетико Миниеро „Лудиот Петел Коко“ претера со однесувањет.

Додека женскиот тим беше презентиран пред навивачите, тој ја натера Виторија Калхау да се врти покажувајќи на нејзините облини пред целата публика. Потоа и кога одеше со неа покрај трибините, го стори истото покажувајќи кон неа алудирајќи на нејзиниот физички изглед.

Сето ова беше протолкувано како сексистичко однесување на маскотата. Вработениот кој ја носи маската мораше да се извинува. Текстот на писмото гласи:

 Наслов:Не е само извинување, туку е учење.

-Почнав да го пишувам ова писмо за вас, но сфатив дека треба да се упати писмо до целиот тим.

Отсекогаш претставував радост и никогаш немав намера да посрамувам некого, но времињата се сменија и се радувам што се сменија.

Се извинувам. Зборувам за препознавање грешка, покајание и промена. Тоа не се само зборови, затоа што навистина научив нешто.