Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Севиља ја „турна“ Барса, веднаш зад Реал Мадрид

Екипата на Севиља игра одлично во последно време. Попладнево славеше против Леганес со 1:0, а единствениот гол го постигна Диего Карлос во 63.минута. Ова беше трета победа во низа, а веќе седум меча се без пораз.

Последен пат загубија на гостувањето кај Барселона во октомври со 4:0.

Со оваа победа Севиља се искачи на второто место на табелата, веднаш зад Реал Мадрид, а пред Барселона која сепак има два меча помалку.

Резултати и парови Примера:

Недела:

Севиља – Леганес 1:0

Атлетик Билбао – Гранада 1:0

16:00 ч. Еспањол – Осасуна

18:30 ч.Хетафе – Леванте

21:00 ч. Атлетико Мадрид – Барселона

Сабота
Алавес – Реал Мадрид 1:2

Реал Сосиедад – Еибар 4:1

Мајорка – Бетис 1:2

Валенсија – Виљареал 2:1

Петок:

Селта – Ваљадолид 0:0

Standings provided by Sofascore LiveScore