Фудбал
ВИДЕО: Шок во Неапол, мечот само што почна Интер поведе со 1:0
Интер води на гостувањето кај Наполи со 1:0 со голот на Ериксен во 3-минута и тоа директно од корнер, низ нозете на домашниот голман по катастрофалната реакција на целата одбрана. Со ова вкупниот резултат од полуфиналната пресметка е 1:1. Доколку заврши вака ќе има продолженија, а ако и тогаш нема промени, ќе има пенали.
Сепак, има уште многу да се игра. За потсетување, Елиф Елмас е во почетниот состав на Наполи,.