Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Шок за време на меч, хокеар имал инфаркт, лекарите му го спасиле животот

Хокеарот на Сент Луис, Џеј Бумистер се струполи на клупата на својот тим на мечот против Анахајм Дакс по што мечот беше прекинат. Првиот човек на тимот се појави пред медиумите и откри дека играчот имал инфаркт, но му се заблагодари и на лекарскиот тим, кој како што вели му го спасиле животот на хокеарот.

-Џеј е буден и свесен кога го однесоа во болница, можеше да зборува и да ги движи рацете и нозете. По дополнителните медицински прегледи заклучено е дека имал срцев удар, изјави Даг Армстронг, претседател на клубот.