Други спортови
ВИДЕО: Словенецот беше во кома во 2016 година. Сега имаше неверојатен „лет“ на Планица
Словенскиот ски скокач Ернест Пришлиќ прескокна 247 метри на тест настап во Планица, каде што ќе се одржи финалето на Светскиот куп во ски скокови. Пришлиќ слета 6,5 метри пократко од светскиот рекордер Австриецот Стефан Крафт.
Словенечкиот стручен штаб беше воодушевен од неговиот скок, кој не успеа да го изведе целосно правилно, затоа што на крајот падна. Пришлиќ најпрвин бил несреќен што завршил на земја, но веднаш станал и си аплаудирал.
Пришлиќ, словенечкиот Б-репрезентативец во ски скокови, во 2016 година помина околу две недели во вештачка кома, откако беше удрен од автомобил за време на загревањето пред скокот во непосредна близина на скокалната во Планица. Потоа со тешки повреди бил префрлен во болница во Љубљана. Сепак, тој се врати на скијачките скокови во 2018 година.