Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Сон не смеел да прави селфи бидејќи жената имала „погрешен“ телефон. Еве за што се работи

Сон Хеунг-Мин, триесет и едногодишниот напаѓач на Тотенхем, е еден од најпопуларните азиски спортисти. Секојдневно е опкружен со илјадници навивачи, а поинаку не беше и во Велс каде неговата Јужна Кореја одигра 0:0 со домаќинот во пријателски натпревар.

Обожавателите му пришле на Сон и му побарале фотографии, а една обожавателка била непријатно изненадена бидејќи Сон одбил да и го земе мобилниот телефон. Но, Јужнокореецот прифатил заедничка фотографија само под услов жената да биде таа што го држи мобилниот телефон. Причината набрзо стана јасна и јавно објаснета.

Имено, Самсунг е еден од најголемите спонзори на Сон, од кој секоја година заработува сериозни пари. Со оглед на тоа дека има ексклузивен договор, не смее јавно да се слика со брендовите на конкурентските компании, а жената имала ајфон. Со следниот обожавател, Сон сам се фотографирал бидејќи се работи за мобилен телефон Самсунг.