Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Спектакл! Алиоски со асистенција, Лидс со надреална 5:4

Езгјан Алиоски запиша две асистенции попладнево, во трилер-победата на Лидс на гостувањето во Бирмингем, во спектакуалрен меч со девет гола и триумф со 5-4 со автогол во 95-та минута.

Лидс стигна до 2:0 предност по само 20 минути игра, но набргу потоа Бирмингем намали на 1:2, резултат со кој се отиде на полувреме. Домаќините израмнија во 61. минута, за во 69. минута по асистенција на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоки, Ејлинг да го врати водството на тимот на Марсело Биелса.

Последните десетина минути беа вистинска „лудница“ – Бирмингем во 83. минута израмнува на 3:3, а минута подоцна, Далас ги враќа Лидс во водство. Јуткевич со вториот гол повторно израмнува на 4:4 во 91. минута, пред Хардинг со автогол да стави точка на натпреварот во 95. минута.

Со тоа тимот на Марсело Биелса се искачи на првото место во Чемпионшип.