Connect with us

SPORTM.mk

ВИДЕО: СРУШЕН! Солер со хет-трик пенали го порази Реал Мадрид

Реал Мадрид го доживеа и вториот пораз сезонава во Ла Лига. Валенсија славеше со 4-1 против Реал Мадрид во рамки на дербито на 9.коло во Ла Лига.

Домашните дојдоа до убедлива победа од 4-1 и тоа преку три пенали и еден автогол. Како никогаш досега беа досудени три пенали против „кралевите“ кои успешно ги реализираше Солер. А, Варан во 43. минута постигна и автогол за четири „парчиња“ во мрежата на Куртоа.

ВАР-собата имаше доста работа на овој натпревар. При првиот пенал реагираше и го повтори изведувањето, а потоа му сугерираше на судијата да го признае автоголот на Варан пред самата пауза.

Во вториот дел Солер уште два пати беше прецизен од белата точка, за убедлива победа на неговиот тим.

За Реал Мадрид ова е втор сезонски пораз и сега е четврти на табелата со 16 бодови, но и натпревар помалку од лидерот Реал Сосиедад, кој има 20 бодови. Валенсија е деветта на табелата со 11 бодови.