Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Стриптиз на роденденска забава, Нејмар, Кавани, Ди Марија ги разлутија навивачите

Речиси целиот тим на ПСЖ во средата вечерта бил на роденденска забава. Сето тоа ќе беше во ред да не беше нивното однесување и „журкање“ и тоа само еден ден откако загубија од Борусија Дортмунд.

На видеото се гледа како Кавани, Нејмар, Ди Марија и други фудбалери соблечени од половина нагоре си се забавуваат. Алкохолот го сторил своето, а трезен единствено бил Мбапе, барем според француските медиуми.

Забавата била организирана по повод родендените на Ди Марија, Икарди и Кавани.