Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Судија нокаутираше хулиган кој влета на теренот

Линиски судија на фудбалски натпревар во бразилската аматерска лига ефективно се пресмета со еден навивач кој ја прескокнал оградата и влетал на теренот, така што го нокаутираше со еден удар.

Се играше 82-та минута и домаќинот Атлетико Итумбиара губел со 4:2 од Бауру кога локалниот хулиган со пцовки и гаѓање преминал во директна пресметка. Се спуштил низ оградата, тргнал кон судијата и го турнал.

Веднаш следувал одговор во вид на десен кроше, а пото навивачот остана да лежи покрај аут линијата.

Следуваше бурна реакција на домашната публика која тргна да ја прескокнува оградата, а натпреварот е продолжен 30 минути подоцна, дури по пресметката на теренот во која учествувале и играчите.

До крајот немало промена на резултатот, додека нокаутираниот навивач по некое време сам го напуштил теренот.