Фудбал
ВИДЕО: Тајната вечера во Барселона не траеше долго – Камерите ги фатија Меси и Суарез
Лионел Меси реши да ја напушти Барселона по цели 20 години.
Волшебникот од Аргентина побара прекинување на соработката со каталонскиот тим, но раководството на клубот досега одби да го пушти да оди без соодветна компензација.
Многумина тврдат дека оваа одлука дошла откако Роналд Куман го отпишал неговиот одличен пријател и соиграч Луис Суарез, а откако му рекол дека повеќе нема да има привилегии во тимот.
Тоа беше последниот удар за Аргентинецот кој веднаш побара да го напушти клубот и настапи вистински хаос.
??¡IMÁGENES EXCLUSIVAS!??
?@JuanfeSanzPerez 'CAZA' a Luis SUÁREZ y MESSI en BARCELONA. #ChiringuitoMessi pic.twitter.com/5pLV0EfyNx
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) August 26, 2020
Меси официјално не се огласи, а сите медиуми отидоа во потрага по него. Тој на крајот беше фатен од Ел Шарингито на тајна вечера со Суарез.
Многу е можно дека ова е проштална вечера за дуото на Барселона. Речиси е сигурно дека никогаш повеќе нема да играат во ист дрес, а наскоро ќе дознаат што ќе се случи со нивните кариери.