Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Тајсон како ѕвер и на 53 години-Подготвен сум за дедо Холифилд

„Железниот Мајк“ е во одлична форма во пресрет на враќањето во рингот и борбата која се најавува со неговиот „вечен“ непријател Ивандер Холифилд.

Како можен термин за нивната нова борба се спомнува 11 јули и тоа во Саудиска Арабија. Информацијата е потврдена и од страна на Холифилд.

На видеата што ги објавува Тајсон навистина изгледа како ѕвер иако има 53 години.

Последната професионална борба Тајсон ја имаше на 11 јуни 2005-та година против Кевин Мекбрајд и тоа за него беше шести пораз во кариерата, а има и пораз од Холифилд. Победи има далеку повеќе, односно 50. Нешто постариот Ивандер ракавиците ги обеси на клин на 7 мај 2011-та година кога во Копенхаген со победа на Брајан Нилсен. Холифилд во кариерата има 10 порази, 44 победи и две нерешени борби.