Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Така работат Хрватите, донеси за беспари, продај за неколку милиони!

Динамо Загреб со години наназад има фантастична трансфер политика. Носи млади фудбалери за беспари, или мали пари, а потоа ги продава на големите европски клубови за неколку милиони. Или, вложува во таленти свои, па потоа ги продава за голема сума.

Последен таков случај е Шпанецот Дани Олмо. Тој ги поминал младинските школи на Барселона, а во 2014-та година, поточно на 15 годишна возраст во слободен трансфер пристигна во Динамо Загреб. Играше за младинскиот тим, па вториот тим, каде од година в година покажуваше се подобри резултати.

Со најдобриот тим на Динамо настапи во групната фаза од Лигата на шампионите оваа сезона. Покажа одлични партии, а со оглед на тоа дека е роден во гадот Тераса во Шпанија, доби повик за дебитантски настап за оваа селекција.

Веднаш му скокна цената, а тоа хрватскиот тим добро ќе го наплати. Се интересираа голем број европски клубови, но одлучено е трансферот да се реализира во германскиот тим Лајпциг. Според германските медиуми, само медицински прегледи го делат од потпис. Трансферот треба да биде 35 милиони евра, со што ќе биде соборен балканскиот рекорд на Лука Модриќ за кого Тотенхем им плати 21 милион евра на раководството на „модрите“.

Инерес за неговите услуги имаа гиганти како Манчестер сити, Барселона, Милан, но најупорен и најконкретен се покажа Лајпциг.