Фудбал
ВИДЕО: Тер Штеген како да влезе во духот на Роналдињо
Фудбалерите на Барселона синоќа на домашен терен славеа на Депортиво Алавес со 3:0 во рамки на првото коло од шпанската Ла Лига.
Барселона со победа ја отвора и десеттата сезона во низа, а нај заслужен за победата е Лионел Меси. Аргентинецот постигна два фантастични голови, а еден постигна Кутињо.
Сепак, тоа што го одбележа синоќешниот натпревар е потегот на голманот на домашната екипа, Тре Штеген. Тој во 55. минута истрча кон играчот на Алавес кој беше во контра напад и со спектакуларен дриблинг го прекина нападот на противничката екипа.