Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Тешка сообраќајка, кариерата на НБА ѕвездата под знак прашалник

Еден од најплатените НБА играчи, во моментов член на Атланта Хокс, Чендлер Пасрсонс доживеал сообраќајна несреќа пред четири дена која според информациите може да му ја загрози кариерата. Тој со својот автомобил удрил во столб, а доживеал тешка повреда на мозокот, а дел од американските медиуми велат дека поради повредата му се заканува крај на кариерата.

Несреќата ја предизвикал друг возач, кој веднаш бил уапсен бидејќи имал алкохол во крвта. Првите информации велеа дека Парсонс е добро, но четири дена подоцна нови вести за неговата здравствена состојба велат дека сепак има повреди кои би можеле да влијаат врз неговата кариера. Добри вести се што е надвор од животна опасност.