Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Тешко е да се објасни како Роналдо го направи ова

Неверојатен потег на тренингот на Јувентус направи Кристијано Роналдо.

Најдобриот фудбалер на светот секогаш е во центарот на вниманието, а за она што го направ на вчерашниот тренинг зборуваат сите.

Роналдо изведе неверојатен шут, а движењето на топката е потполно необјасниво.

Сите со чудо гледаа како ја користи својата позната техника „tomahawk“, а топката почна да оди на лево, а потоа се сврти и почна да оди на десно.

Роналдо очигледно е во добра форма и расположен го чека неделниот натпревар од Серија А во кој против Сасуоло ќе се обиде да го постигне својот прв гол во дресот на Старта дама.