Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Тим ги задржа шансите за пласман во полуфиналето во Лондон

Австриецот Доминик Тим ја запиша првата победа на завршниот Мастерс во Лондон, откако синоќа по голема борба го совлада шпанскиот тенисер Карењо-Буста со 2-1.

Тим го доби првиот сет со 6:3, Буста возврати во иста мера во вториот, а во решавачкиот трет сет беше 6:4.

На првиот меч од втората рунда во групата „Пит Сампрас“, Григор Димитров беше поуспешен од Давид Гофин.

Пласман по 2. коло: Димитров 2-0 (победи-порази), Тим 1-1, Гофин 1-1, Буста 0-1, Надал 0-1.

Буста на турнирот е повикан како замена за Надал кој поради повреда предвреме ги заврши настапите.