Connect with us

Фудбал

ВИДЕО Тотален хаос на трибините: Жестока тепачка меѓу навивачи, не се знаеше кој кого удира

Викендов започна и фудбалската сезона во Франција. Тамошните првенства во фудбалскиот прв и втор степен започнаа, но еден натпревар привлече внимание поради целосно нефудбалски работи.

Родез беше домаќин на Сент Етјен, а на влезот на гостинската трибина настана метеж меѓу поддржувачите на Сент Етјен.

Настанала жестока тепачка помеѓу две групи навивачи на споменатиот тим, а во преполната толпа не се знаело кој кого удира.

На овој натпревар е поразен Сент Етјен – триумфираше Родез со резултат 2:1.

Како изгледаше судирот меѓу навивачите на Сент Етјен можете да погледнете во видеото под текстот.

Facebook