Фудбал
ВИДЕО: Тоти конечно откри зошто го удри Балотели: Сакав да го повредам
Легендарниот капитен на Рома Франческо Тоти во разговор за „La Repubblic“ конечно опширно проговори за „озлогласениот“ инцидент од 20010. година.
Франческо Тоти во мај 2010. година кога Рома изгуби од Интер со 1:0 заработи исклучување затоа што со нога го удри фудбалерот на Нероазурите Марио Балотели.
Сега Тоти кажа дека неговата постапка беше ужасна, но исто така истакна дека целава работа кулминирала поради тоа што Балотели го навредувал со години.
„Моето шутирање на Балотели? Провоцираше со години. Ме навредуваше мене и навивачите на Рома. Сето ова се береше со години и на крајот експлодираше… Беше ужасен прекршок, единствена цел ми беше да го повредам. Но, на мое зачудување, никој од играчите на Интер не ме нападна откако го удрив“, кажа Франческо Тоти, па додаде.
„Кога го напуштав теренот, Маикон се поздрави со мене. Се чувствуваше дека Балотели ги нервираше дури и некои од соиграчите…“