Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Трогателно, својот прв гол во дресот на Манчестер Јунајтед го посвети на починатата сестра

Одион Игало во самиот финиш на зимскиот преоден рок, како позајмен фудбалер од Шангај пристигна во Манчестер Јунајтед. Трансферот беше изненадувачки за многумина, но и за самиот фудбалер.

Но, еве сега го носи дресот на големиот англиски тим, а почна и да ги тресе и противничките мрежи. Игало беше стрелец на вториот гол за Јунајтед во победата од 5:0 против Бриж. Ова беше негов прв гол во дресот на „Црвените ѓаволи“, а го посвети на својата сестра која почина во декември минатата година.