Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Водел двоен живот, рагби играч и убиец, сега целата сторија како документарец

Веројатно ја знаете или сте слушнале за приказната за рагби играчот, член на Њу Енгланд Патриотс, Арон Хернандез, кој водел двоен живот. Рагби играч и убиец. Сега, неговата приказна е преточена во документарец, кој го снимил „Нетфликс“.

Хернандез имал се, одлична кариера, договор вреден 40 милиони долари, убава вереница која му родила ќерка.

Но, зад таа софршена „фасада“, Хернандез водел двоен живот.  Кога клопчето почнало да се одмотува, било утврдено дека играчот користел дрога, имал интимни односи со мажи, бил многу насилен и на крајот убил три лица.

Имало судење, тој бил прогласен за виновен, и осуден на доживотен затвор. Учествувал во една емисија, каде признал се на новинарката, а три дена подоцна се обесил во затворот. Сепак, причините зошто ги сторил убиствата не ги кажал и ги однесе во гроб.

Погледнете го трејлерот: