Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Возниацки плачеше, кажа збогум на тенисот

Поранешната тенисерка бр.1 на светот, Каролина Возниацки го одигра последниот натпревар во кариерата. Ова следеше откако 29-годишната Данка загуби со 5: 7, 6: 3, 5: 7 од Онс Жабур од Тунис во третото коло на Австралија опен.

Минатата година, Возниацки објави дека првиот Гренд слем турнир за годинава, кој го освои во 2018 година, ќе биде нејзиниот последен настап како професионален тенисер.

По поразот, Каролин Возниацки седна на столот и почна да ги брише солзите при разделбата со тенисот.

Таа го направи своето деби во професионалниот женски тенис во 2007 година и оттогаш освои 30 титули, вклучувајќи го и Австралија опен во 2018 година. Таа беше рангирана на првото место на светската ранг-листа на 11 октомври 2010 година. За време на нејзината професионална кариера, Возниацки заработи над 34 милиони долари од наградни фондови.