Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: За оние кои пропуштиле, како Халанд го „полнеше“ ПСЖ, но и поразот на Ливерпул во Мадрид

Синоќа се одиграа два меча во осминафиналето во ЛШ. Во Мадрид, Атлетико славеше со 1:0 против Ливерпул, а стрелец на единствениот гол беше Саул по само четири минути игра.

Далеку поинтересно беше во Дортмунд, каде Борусија со 2:1 славеше против ПСЖ. Двата гола ги постигна „чудото од дете“ Ерлинг Халанд, а на спротивната страна во листата на стрелците се запиша Нејмар.

Ова се најинтересните моменти од двата меча.

АТЛЕТИКО МАДРИД – ЛИВЕРПУЛ 1:0

Саул 4’

БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ПСЖ 2:1

Халанд 69’, 77’  – Нејмар 75’