Кошарка
ВИДЕО: Забивањето на Лестер Бо Мекејлеб со кое стана миленик на цела Македонија, зарем поминаа речиси 10 години!
Македонија вечно ќе го памети Лестер Бо Мекејлеб. Токму со негова помош го направивме историскиот подвиг и завршивме на четвртото место во Литванија на континенталниот собир. Со неговата пожртввуаност, атрактивна игра, ги освои срцата на сите македонски фанови, кои нема да го заборават.
А, се чини дека и тој не ја заборава Македонија и фановите. На неговиот Инстаграм профил објави видео од забивањето на мечот со Велика Британија, одигран пред 10 години, поточно на 23-ти август 2010-та, и кој заврши со победа од 75:56. Овој меч беше во рамките од квалификациите, завршивме втори во групата зад В.Британија, се пласиравме на ЕП, а таму го освоивме 4.место. Во битката за бронзата загубивме до Русија.