Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Заврши Дакар 2020-та, Сајнц со своето „Мини“ трет пат победник

Шпанскиот ветеран Карлос Сајнц Сениор со Мини го освои по трет пат во својата кариера релито „Дакар“, кое за прв пат се одржа во Саудиска Арабија.

Педесет и седум-годишниот возач го презеде водството по третата фаза од годинашната трка и не јс испушти лидерската позиција, за да заврши со удобна предност од 6 минути и 21 секунда пред минатогодишниот шампион Насер Ал-Атија со Тојота.

Трети заврши Стефан Петерхансел со заостанување од 9:58 минути од првото место. Французинот освои четири етапи во Саудиска Арабија, исто како и Сајнц сениор. Тоа беше негов 31-ви настап на релито „Дакар“.

Кај моторциклите, Рики Брејбек триумфираше со Хонда, со што стана првиот Американец што го освои релито „Дакар“ во која било од категориите.

Хонда, пак, ја сруши 18-годишната доминација на КТМ на една од најтешките трки во светот.