Тајмаут
ВИДЕО: Женски боксер ја бакнува противничката на прес-конференцијата пред борбата
За разлика од машкиот бокс каде често пати се покажуваат „мускули“ уште пред борбата во рингот, во женскиот бокс постои различна атмосфера.
Во Норвешка, се одржа прес-конференција пред една женска борба помеѓу апсолутната шампионка во полусредна категорија Сесилија Брекхус и предизвикувачката Михаела Лорен. За време на вообичаеното разменување на „страшни“ погледи Лорен ја бакна Брекхус, на што ривалката прво се обиде да возврати со шлаканица, а потоа се насмеа.
По прес-конференцијата, девојките го повторија дуелот, но никој никого не бакна.