Connect with us

Фудбал

ВИДЕО Златниот Меси ја покажа осмата во Мајами

Лионел Меси пред навивачите во Мајами ја покажа својата осма Златна топка, која ја освои пред неполни две недели. Интер организираше пријателска средба со Њујорк Сити под наслов „Noche d’Or“ (Златна ноќ).

На специјална церемонија пред почетокот, аргентинскиот гениј излезе пред симпатизерите за во живо да ја види највредната индивидуална награда во светот на фудбалот.

Интер Мајами излезе со специјални дресови посветени на Меси, а тој и неговите добри пријатели Жорди Алба и Серхио Бускетс одиграа цели 90 минути во поразот од 2-1. Талес Магно и Џулијан Фернандез потпишаа за Њујорк Сити, а Роби Робинсон постигна гол за Интер.