Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ѕвезда на Тотенхем се шегуваше со коронавирусот, а потоа го избриша видеото и се извинуваше

Фудбалерот на Тотенхем Деле Али се извини на Кинезите поради неговата невкусна шега. Тој објави видео на Снапчат како носи маска, а на социјалните мрежи доби големи критики, поради што одлучи да го избрише видеото, а потоа и да се извини.

-Сакам да се извинам поради мојата снимка која ја објавив на Снапчат. Не беше смешна и тоа веднаш го сфатив, па затоа ја избришав. Се изневерив себе си, но и мојот клуб. Не сакам да имате таква престава за мене. Тоа не е нешто со кое можеме да се шегуваме.