Connect with us

Фудбал

Видеото на легендарниот Марадона кое предизвика бројни реакции, што зема на клупата за време на меч?

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња повторно го привлече вниманието на ветската јавност. Имено, тој во моментов е тренер на Химнасиа Ла Плата во Аргентина.

На последниот меч на неговиот тим против Росарио Централ (1:0), имаше момент кој предизвика реакции. Имено, се играше 50-тата минута, а на клупата еден од помошниците му донесе пакетче на Марадона, од кое извади нешто во вид на апче.

Многумина веќе прокоментираа дека легендата повторно користи дрога, иако дел од аргентинските медиуми пренесоа дека се работи за апче за смирување. Но, реакцијата на неговите асистенти уште повеќе ги подгреа шпекулациите дека сепак се работи за првото.

Имено, кога видоа дека камерите снимаат, веднаш станаа и го сокрија Марадона, па не може да се види дали го искористил апчето или не.