Connect with us

Фудбал

Викендов и судеше на Барселона, во следното коло ќе „одмора“

Во неделата вечер Барселона славеше на гостувањето кај Бетис со 3:2 преку пресврт. Домаќините водеа со 1:0, но и со 2:1, но Меси и соиграчите на крајот славеа.

По крајот на натпреварот главниот судија Хозе Санчез Мартинез беше на удар на јавноста поради неколку грешки, што на сметка на Бетис, што на сметка на Барселона.

Фудбалскиот сојуз на Шпанија ги објави имињата на делегираните судии за следното коло, а на овој список го нема судијата Мартинез. Веднаш во јавноста почнаа коментари дека ова е еден вид казна за неговата лоша претстава на мечот на Барселона и Бетис.

Не е прв пат арбитрите во Примера да бидат на удар. Сезонава имаше неколку контроверзни одлуки на теренот.