Connect with us

Фудбал

Вила го замолкна Олд Трафорд, Бруно беше се посрамоти од пенал во судиското надополнување

Астон Вила го совлада Манчестер Јунајтед со 1:0 во 6. коло од англиската Премиер лига.

На Олд Трафорд беше виден одличен натпревар, а на крајот Вила стигна до победата.

Вила имаше подобри шанси во првото полувреме. Зицере промашија Воткинс и Таргет, а од друга страна не постигнаа гол Гринвуд, Фернандес и Погба и заминаа на одмор без голови.

Продолжението се уште ја носи цврстата игра на Вила и залудните напади на Јунајтед.

Имаше обиди на двете страни, а во 88. минута Вила дојде до победата. Кортни Хаус постигна гол по паузата за конечни 1:0.

Јунајтед имаше шанса за израмнување. Беше досуден пенал во судиското надополнување, но Бруно Фернандеш ја испрати топката далеку над голот.

Вила целосно го запре Кристијано Роналдо и нападот на Јунајтед на овој натпревар и тоа го направија мајсторски.

Треба да се напомене и дека дефанзивецот на Јунајтед, Лук Шо се повреди на овој натпревар.