Connect with us

Други спортови

Вилаш Боаш доживеа несреќа на релито Дакар по што беше хоспитализиран

Португалскиот фудбалски тренер Андре Вилаш Боаш го заврши неговиот настап на популарното рели „Дакар“ откако доживеа несреќа во текот на четвртата етапа. Поради инцидентот Португалецот беше хоспитализиран.

Поранешниот менаџер на Порто, Челзи, Тотенхем, Зенит и Шангаи со своето возило удри во песочна дина по што заврши во болница со повреда на грбот.

Сакам на сите да им порачам дека јас и мојот совозач Рубен Фариа сме добро, но Дакар за нас заврши, напиша Португалецот на неговиот Инстанграм профил.

Вилаш Боаш на релито настапуваше за тимот Овердрајв, а возеше Тојота Хилукс.

Пред несреќата тој се наоѓаше на 41. позиција од 91 натпреварувач, а заостануваше два часа и 18 минути зад лидерот Стефан Петрхансел.