Connect with us

Фудбал

Винисиус беше расно навредуван во емисијата, Реал веднаш реагираше

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор одлично ја започна сезоната, постигнувајќи четири гола на пет натпревари од шпанската лига, но неговото славје не оди најдобро кај дел од шпанската фудбалска јавност.

22-годишниот бразилски репрезентативец головите ги прославува со оро, карактеристично за голем број јужноамерикански фудбалери.

Винисиус беше особено критикуван од Педро Кастро, претседател на Здружението на шпански агенти.

„Ако постигнете гол и потоа танцувате самба, одете во Самбодром“. На теренот треба да ги почитувате колегите и да престанете да се однесувате како мајмун“, рече тој во емисијата „Ел Чирингито“.

Откако го слушнал зборот „мајмун“, водителот го прекинал неговиот говор и му рекол дека не може така да им се обраќа на луѓето.

Во петокот навечер се огласи и клубот од стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

„Реал Мадрид ги осудува сите расистички и ксенофобични испади во светот на фудбалот и спортот, но и во животот воопшто, а особено ги осудуваме коментарите упатени кон нашиот играч Винисиус Јуниор во последните неколку часа. Реал Мадрид сака да ја покаже љубовта што ја има кон Винисиус, фудбалер кој разбира дека единствениот однос кон фудбалот е оној заснован на радост, почит и спортски дух. Фудбалот е најглобален спорт што постои и мора да биде пример кога се во прашање вредностите на соживот. „Клубот ги овласти нашите адвокати да покренат правна постапка против секој кој ги навредува нашите играчи со расистички испади“, соопшти Реал Мадрид.

Винисиус дојде во Мадрид од Фламенго во 2018 година, а минатата сезона на 35 натпревари во шпанското првенство постигна 17 гола со 10 асистенции.