Connect with us

Фудбал

Винисиус испрати порака до наследникот на Бензема: Те очекуваме

Бразилскиот напаѓач Винисиус Јуниор одигра уште една одлична партија покрај Карим Бензема во победата на Реал Мадрид против Челзи од 2:0. Но, во иднина партнер во нападот би требало да му биде неговиот сонародник Ендрик, 16-годишник денес кој веќе е купен од Реал, а ќе пристигне летото 2024 година.

„Секако, видов како игра и навистина ми се допаѓа неговиот стил. Секогаш го поддржувам и охрабрувам. Го чекаме да дојде во Реал“, изјави Винисиус, а потоа зборуваше и за неговата форма. „Се трудам да бидам максимално физички подготвен за секој натпревар. Во Реал пристигнав на 18 години и веќе имам одиграно повеќе од 200 натпревари“.

Трансферот на Ендрик беше договорен за летото 2024 година, а Реал му плати 35 милиони евра. Оваа сезона ја мина во бразилски Палмеирас, со кој ја освои шампионската титула. Имаше 15 настапи, на кои постигна два гола со една асистенција. Најмногу на теренот доаѓаше од клупата.