Connect with us

Фудбал

Винисиус славел цела вечер, на другарите им ветил Ролекс, ама потоа следувал шок!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор организираше забава за своите пријатели, бидејќи беше убеден дека ќе ја освои Златната топка, но потоа доживеа вистински шок. Шпанскиот портал Relevo откри дека Бразилецот по забавата дознал дека нема да ја освои Златната топка, а за да биде работата уште полоша, тој дури ветил дека на секој играч на Реал Мадрид ќе му подари часовник Ролекс во знак на благодарност за неговата помош и добри настапи.

Сепак, дојде до голема промена и Златната топка му припадна на Родри, играчот од средниот ред на Манчестер Сити, кој наспроти сите шанси е прогласен за најдобар играч на светот. Во исто време го пронајдоа виновникот во Реал Мадрид за оваа несекојдневна ситуација која ги налути сите во клубот, а делегацијата на Кралскиот клуб реши да ја бојкотира церемонијата во Париз. Во Реал сметаат дека УЕФА е главниот виновник зошто Винисиус останал без Златната топка, со оглед на фактот дека ова е прв пат од 1956 година највисокото тело на европскиот фудбал да соработува со наградата што ја подготвува и доделува Франс Фудбал. .