Connect with us

Фудбал

Вклучени стотина полицајци, мета македонски фудбалски менаџер, се бараат договорите на Модриќ, Јовиќ и други

Како што пренесуваат шпанските медими истражните органи во заедничка акција на Даночната агенција и Еуропол откриле малверзации на корпоративна мрежа поврзана со клубови од Кипар, Белгија и Србија.

Познатиот менаџер Фали Рамадани, кој потекнува од Македонија, е обвинет дека е член на таа мрежа и дека „извлекол“ дури 10 милиони евра со фиктивни потписи без да плати данок.

Истражните органи се сомневаат дека парите заминувале на егзотични острови, се купувале куќи, јахти и останати работи за живот на висока нога. Надлежните органи до такви наводи дошле по истрагата во Барселона, Мадрид, Малага, Севиља, Алмерија, Виторија…

Во моментов се води истрага против пет лица, меѓу кои и македонскит менаџер Фали Рамадани, но и уште еден фудбалер, со уште неколку сведоци. Истрагата ќе се прошири и во други земји.

Рамадани и другите пред истражен судија треба да се појават во четврток, а се бараат и договорите на Лука Модриќ (Реал Мадрид), Стефан Савиќ (АтлетикО Мадрид, Лука Јовиќ (Реал Мадрид), како и други фудбалери кои ги застапувала агенцијата чиј член е менаџерот Рамадани.

Рамадани е роден во Тетово во 1969-та година, но одамна живее и работи во Берлин. Заедно со Никола Дамјанац се партнери во менаџерската агенција “Lian Sports“