Connect with us

Фудбал

Влезе во историјата на ЛШ, а сега е прогласен за играч на неделата

Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру е прогласен за најдобар фудбалер на 5. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Французинот постигна четири гола на мечот против Севиља (4:0).

Покрај Жиру, за признанието најдобар на колото во ЛШ конкурираа и: играчот за врска на Башакшехир – Ирфан Кавеџи, фудбалерот на Салцбург – Мергим Бериша и членот на Интер – Ромелу Лукаку.