Connect with us

Фудбал

Во Англија бараат сериозна казна за Јурген Клоп

Фудбалската јавност во Англија побара сериозна казна за менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Скромниот сопственик на Акрингтон Стенли, Енди Холт, го повика Фудбалскиот сојуз на земјата да го казни стратегот по ремито 2-2 против Шрезбери Таун за ФА Купот.

Клоп беше категоричен дека нема да го предводи тимот на „Енфилд“ во репризата. Ливерпул повторно ќе се потпре на младинците, откако ниту еден од првиот состав на „црвените“ нема да биде достапен за односниот натпревар.

Причината за ова е фактот дека има „зимска пауза“ за екипите во Премиер лигата на почетокот на месецот.

Пред извесно време, Фудбалската асоцијација на Англија ги повика клубовите да ја „почитуваат“ и да не организираат контролни или какви било други натпревари.