Connect with us

Фудбал

Во авионот на Црвените Ѓаволи го немаше Санчез, а што е причината?

Манчестер Јунајтед денеска гостува кај Брајтон, а на ова гостување, Црвените Ѓаволи се без Алексис Санчез.

Брајтон и Јунајтед го играат второто коло од Премиер Лигата во 17:00 часот а Мурињо сака нова победа, но нема да ги има сите играчи.

Од порано му фали Матиќ, го нема Рохо, Валенсија, Херера, Далота, а сега го нема и Санчез.

Чилеанецот не беше во авионот за Брајтон, но не е познато зошто не се отиде на оваа посета, но сигурно ќе му недостасува на тимот.

Се очекува Лукаку да игра од самиот почеток, со тоа Рашфорд или Ентони Марсиал еден ќе добие шанса по левата страна.